Владата на Нашата Земја, на денешната вонредна седница донесе едногласна одлука за замрзнување на продажната цена на јорганите и јамболиите, со цел да им помогне на граѓаните полесно да ја преживеат најтешката зима после втората светска војна.
- Долго време размислувавме како високата цена на струјата ќе влијае на нашата економија и дојдовме до заклучок дека јорганската и јамболската индустрија ќе се развијат како никогаш претходно. Но, со нивниот раст, ќе растат и обидите за манипулации од страна на трговците па затоа, до крајот на зимата, нивната цена ќе остане иста. Радувај се народе! - гордо соопштија од Владата.
Покрај замрзнувањето на цената, во првата половина од зимата ќе биде забранет и извозот на овие македонски иновации се' додека државата не се осигура дека секој граѓанин е обезбеден.