logo

# Сатира

По хакерскиот напад: МОН се жали дека хакерите ги украле сите учебници за основно

насловна слика

Министерството за образование и наука, чиј вебсајт утрово беше цел на хакерски напади, остана без сите учебници за 1, 2, 3 и 4 одделение, откако внукот на министерот Јетон Шаќири, кој „од дете е со компјутери“ и со таа квалификација е главен за одржување на мрежата на министерството, не успеа да ги одбрани серверите и да ги фати крадците.  

 

- Со огромно жалење морам да соопштам дека утрово, во точно 4 часот и 55 минути, од сајтот на министерството најдрско беа украдни сите учебници кои требаше да се пуштат во печат. Јасно како ден е дека некој сака да го уништи македонското образование, без да знае дека не можеш да уништиш нешто што веќе е во руини. Така да, 1:0 за нас! - изјави министерот Јетон Шаќири.

 

Покрај учебниците за основно образование, од сајтот на МОН се украдени и учебниците по историја за сите класови, па оваа година овој предмет нема да се изучува во основното и средното образование, како и сведителствата за наредната учебна година, што значи дека големи се шансите учениците повторно да ги добијат крајните оценки во септември.

Коментари


Остави коментар