Претседателот Стево Пендаровски, познат по сега веќе легендарната изјава "Да не бев претседател и јас ќе се иселев од Нашата Земја", одлучил да ја напушти државава и остатокот од мандатот да го отслужи онлајн, со што ќе влезе во историјата како наш прв дигитален претседател.
Како што дознава Кооперација од извори блиски до агенцијата за вработување преку која Пендаровски вадел работна виза, тој својот мандат ќе го заврши во Брисел, од каде привремено ќе се уклучува онлајн за да се обрати до граѓаните и со своите зборови да им даде елан да истраат во борбата со гладот и сиромаштијата.
Како вистински домаќин, претседателот ќе се исели од земјава вечерва пред полноќ со цел да ги избегне поскапувањата, а во аманет на граѓаните им оставил 4 сметки за струја и 9 сметки за вода од вилата на Водно, со рок на плаќање до 22 јуни.