logo

# Сатира

По вчерашниот спектакуларен настап: Артан Груби номиниран за „Златна копачка“

насловна слика

После Дарко Панчев пред повеќе од 30 години, Нашата Земја повторно се искачи на светскиот фудбалски врв и тоа благодарение на првиот голгетер на ФК „ДУИ“, деветката Артан Груби, кој сезонава е меѓу првите стрелци во Европа и покрај тоа што неговата примарна работа е: вицепремиер за политички систем.

 

Најрадосен за овој огромен успех, беше тренерот на Груби, господинот Али Ахмети, кој рече дека се уверил во квалитетите на својот играч уште за време на неговиот прв настап на Кале, кога благодарение на поддршката од клупските колеги, центарфорот не доби црвен картон и покрај тоа што имаше повеќе груби стартови.

 

Гласањето за избор на „Златната копачка“ почнува од утре, а од ФК „ДУИ“ најавија дека како подготовка за претстојниот избор посветено кршат гласачки кутии за тренинг и бараат инвентивни начини за прекин на гласањето, во случај нивниот фаворит да не победи на изборите.

Коментари

Bu4jqQdBKx4t8oNxWOFTU3h3IOFKQO45Fe6BFNUf

По шо ќе беше Груби да се викаше Клаикуров?


Остави коментар