logo

# Сатира

ПО ТРИ ДЕНА ПОСТОЕЊЕ: Картонскиот полицаец докторираше на универзитетот на Мерко

насловна слика

Картонската макета што СВР Тетово ја постави на надвозникот на автопатот Скопје-Тетово, успешно ја одбрани својата докторска дисертација на тема: "Превенција на брзото возење во сообраќајот" и се здоби со титулата доктор по криминологија од универзитетот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

 

- Во само три дена кандидатот ги положи сите испити, магистрираше, а денес и докторираше. И сето тоа додека работеше на надвозникот. Сите професори што му предаваа велат дека се работи за вистински гениј, кој во најмала рака ќе истурка до позицијата заменик министер за внатрешни работи. - рекоа од универзитетот.

 

Кооперација се потруди да го пронајде и да му честита на новиот доктор на науки, но кога стигнавме таму тој не беше на своето работно место, па претпоставуваме дека МВР сфатила за каков кадар се работи и веднаш го унапредила.

Коментари


Остави коментар