logo

# Сатира

По трагедијата од синоќа: Соседот на Груби прв ќе добие електричен автомобил од фабриката во Тетово

насловна слика

Убави вести ни доаѓаат од Чаир по страшниот пожар што синоќа го зафати и уништи Аудито на соседот на Артан Груби, кое привремено го користел првиот вицепремиер.

 

Фабриката за електрични автомобили во Тетово, чиј камен темелник го постави токму господинот Груби пред околу година дена, вети дека првиот електричен автомобил што ќе излезе од нивниот погон ќе му биде доделен на најдарежливиот сосед во државава, со цел да му помогне полесно да ги залечи раните и да ги надмине траумите.

 

Свесни за неговата добродушност и склоноста лесно да позајмува автомобили и други вредни предмети по комшии, тие најавија дека електричниот автомобил ќе биде направен од огноотпорен материјал кој издржува температури до 1000 степени целзиусови.

Коментари


Остави коментар