logo

# Сатира

По техничката влада: Лидерите договорија и технички народ

насловна слика

Неочекуван пресврт во преговорите за техничка влада откако медиумите открија дека лидерите на најголемите партии договориле и технички народ чиј мандат треба да трае до крајот на изборите.

Според договореното, во него ќе влезат членовите на сите парламентарни партии, членовите на нивните пајтон партии, но и голем број апологети и аналитичари што се декларираат како независни.

Граѓаните што не успеаа да влезат во конкуренција ќе можат да се пријават на конкурсите што ќе бидат објавени наскоро и да станат дел от техничкиот народ во секое време или можат да се иселат.  

Експертите предвидуваат дека на овој начин драстично ќе се намали назадоволството од политичките партии кај народот, а невработеноста уште утре ќе падне на нула.

Коментари


Остави коментар