logo

# Сатира

ПО ТЕРКОТ НА НАТО-ФЕСТ, СЕ НАЈАВУВА "ПРОШИРУВАЊЕ НА МНОЗИНСТВО-ФЕСТ"!

насловна слика

Одлични вести за сите што обожаваат квалитетна свирка*!


Владата најави предновогодишна прослава во еден од локалните паркови наречен "ПРОШИРУВАЊЕ НА МНОЗИНСТВО-ФЕСТ", а на истиот ќе настапат голем број на уметници кои имаат низок морал и висока потреба за брз хонорар.

 

Од владата велат дека ова треба да го подобри расположението на граѓаните и сметаат дека овој потег ќе биде повеќе од добра алтернатива (хаха ти текиња?) за сите негативни вести од изминатиов период.

 

"Секогаш е добро да се слави. Си влегол у НАТО? Прослава! Те признале САД? Прослава! Ти ветиле дека ќе добиеш датум за датум за преговори за тоа кога ќе го добиеш датумот за датум за преговори за влез на преговарачката маса за влез во ЕУ? ПРОСЛАВА БЕ БРАТ! Не е лошо да престанеме со работа барем една ноќ и да прославиме, сепак и ние сме луѓе не можеме 24/7 да работиме, не ќе е лошо и да се прослават успесите." - ни кажа преставник на владата кој потоа дополни - "Еј... дечко... и ова не си го слушал од мене... ама наводно на фестивалот ќе настапува и бендот "Празни Џебови". Ама ова меѓу нас. Не шири, изненадување ќе биде!"

 


* = не е битно дали е македонското или бугарското значење на зборот

Коментари


Остави коментар