logo

# Сатира

ПО ТЕЛЕФОНОТ - НОВИ ЧАШИ ЗА ВОДА ВО ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА ВО РАНКОВЦЕ!

насловна слика

Лошите работи доаѓаат во пар. А богами и добрите.


На големо задоволство на жителите на Ранковце, тие во моментот дознаваат дека ова второто е вистина. Само еден ден откако противпожарната служба во село Ранковце се пофали со нов телефон, добија информација дека од следното лето тие ќе добијат и нови чаши за вода!

 

"Време беше да влеземе во новиот век. Вчера добивме телефон, а денеска не известија дека од следното лето ќе добиеме нови чаши за вода." - кажа еден од вработените во противпожарната служба во Ранковце во разговор со еден од нашите новинари.

 

Тие велат дека до сега во долгите години на своето постоење немале прилика да изгаснат пожар, бидејќи сите пожари прекинувале додека тие да дојдат на самото место.

 

"Па тоа е. Ако на некој му излезе пожар во куќата мораше да дојде до нашата станица, бидејќи немаме телефон. Па ние потоа требаше да тргнеме пешки, бидејќи за жал, се уште немаме возила. Додека да стигнеме, куќата на човекот ќе биде пеплосана. Тоа е, така му било пишано. Здравје, ни кажаа и дека ќе добиеме возила. Ни кажаа дека ќе биде или кога ќе заврши КОВИД пандемијата, или кога ќе влеземе во ЕУ или ни кажаа "sega, od ponedelnik ili posle praznicive obavezno se gleame da sredime", ама малку се сомневам во последнава опција бидејќи ова ни го велат дваесетина години..." - кажа шефот на противпожарната служба.

 

Радоста не се криеше и сите вработени си честитаа за ветените чаши за вода.

 

Тие велат дека до сега планот за гаснење на пожарите им бил со дување воздух накај огнот, но според нивните нови планови, тиеочекуваат да ги наполнат чашите со вода и со вода да прскаат кон пожарот. Секако, овие планови ќе се спроведат откако ќе ги добијат новите чаши за вода, под претпоставка дека ќе стигнат на време пред пожарот да си ја завршил својата работа.

 

Коментари


Остави коментар