logo

# Сатира

По скандалот во последната трка: Ќе се руши стазата за Формула 1 што ја изгради Заев

насловна слика

Скандалот во последната трка од шампионатот за Формула 1, во која Макс Верстапен во последниот круг му ја одзеде титулата на Луис Хамилтон, ги натера нашите власти да започнат со рушење на стазата на која беше предвидено да се вози Гранд При на Нашата Земја, од страв дека ваквите скандали ќе ја срушат нашата репутација во Европа и во светот.

 

- По вчерашната трка, која најблаго речено беше скандалозна, решивме да ги раскинеме сите врски со Формула 1 и да уништиме сѐ што е поврзано со неа. Едноставно не сакаме да имаме ништо заедничко со една таква корумпирана организација што постојано ја тресат скандали. Тоа не е наш стил и никогаш нема да биде. Стоп за корупцијата! - изјави вецепремиерот (не е грешка) за борба против корупцијата, Љупче Николовски, кој додека да се избере нова влада ќе ја врши и функцијата в.д. премиер.

 

Од Владата најавија дека рушењето не значи и пропаѓање на проектот затоа што асфалтот од срушената стаза ќе се рециклира и ќе се искористи за изградба на автопатот Охрид-Кичево, додека пак од трибините што ја окружуваа ќе се направат летниковци за клупите од оградата околу Влада.

Коментари

AxSIfg0gMFv1MeKLiHzSXhO9k8OKDU6YqBZFqQiM

Семафорот за старт на трката да се постави до бројчаникот на Порта Македонија или да се постави на раскрсницата во Демир Хисар

Диано

Zalno,abtie sto si kupia vozila za formula 1? Kade kje vozat? Sigurno ne na avtopatot Kicevo-Ohrid,toj e za normalen soobrakjaj.

Диано

Zalno,a tie sto si kupia vozila za formula 1? Kade kje vozat? Sigurno ne na avtopatot Kicevo-Ohrid,toj e za normalen soobrakjaj.

Илинка

за Зајко нема дилема, прво достоинството на државата, после формули, ајвари, канабиси и ресто матракуки…не важи за браќата ни од исток

pEgXBJlfvNE9FW8tBXFrcCwyNub869v3DrQ3SnGN

ќе возат правец МУРТИНО накај Зајачицата


Остави коментар