logo

# Сатира

По санкцијата од Македонија: Се смирија тензиите во Никарагва

насловна слика

Само неколку дена по санкцијата од Македонија, се смирија тензиите во Никарагва. Граѓаните на Никарагва силно ги погоди санкцијата од Македонија, по што спонтано ги прекинаа сите протести низ државата. Како што дознаваме од медиумите во Никарагва, граѓаните особено биле засегнати од забраната за влез во Македонија.

„Планиравме со целото семјство да се преселиме во Македонија. Санкцијата од Македонија за забрана за влез силно ме погоди. Заради еден глупав протест ми се срушија сите соништа. Сѐ отиде во вода. Си еба мајката! Не знам што ќе правиме сега. Се надеваме дека Македонија во скоро време ќе ја прекине санкцијата“ - изјави еден разочаран граѓанин на Никарагва.

Останува да видиме дали нашата држава по смирувањето на ситуацијата во Никарагва, ќе се смилува и ќе ги прекине санкциите кон оваа пријателска држава.

Коментари


Остави коментар