logo

# Сатира

ПО РОКОТ ШТО ГО ДОБИ ОД ВЛАДАТА: Синохидро го дуплираше бројот на работници на автопатот од 2 на 4

насловна слика

Две нови вработувања во Синохидро и илјадници среќни граѓани што цела деценија чекаат да биде завршен автопатот Охрид – Кичево, донесе цврстиот став на Владата, која уште еднаш потврди дека очекува неговата изградба да заврши до нова година, по што следуваше брза реакција на кинеската компанија. 

 

- Точно е дека последниве 10-ина години имаше мали застои во изградбата, но знаете како е...еден работник ќе настине, па другиот сам толку може. Но со дуплирањето на работната сила овој проблем е минато и до новата 2030 година големи се шансите се’ да биде готово. – рекоа од Синохидро.

 

Овој гест на компанијата наиде на поздрав од Владата, која инспирирана од ова, и самата се понуди да испрати уште двајца општи работници кои ќе ја забрзаат изградбата, а ги повика и другите институции да го сторат истото.

Коментари

YwOmNC8jmJuODOky9DbZqvjaKrwtH5sDoPHXnJfM

Од следната година( нормално доколку победи Нашата СДС) у програма набитна обврска ќе биде организирање на работни акции по примерот на СФРЈ за изградба на сите путеви, аутопутеви и ресто што би рекол Зајко


Остави коментар