logo

# Сатира

ПО ПРВ ПАТ ВО АРАЧИНОВО: Во музејот на УЧК ќе биде изложена платена сметка за струја

насловна слика

Ретки експонати, кои од стартот на владеењето на ДУИ како наследник на УЧК, не се видени во Арачиново, ќе бидат изложени музејот посветен на борбата на УЧК, кој беше најавен како заеднички проект на општината и Министерството за одбрана.

 

- Музејот ќе содржи ретки експонати кои досега не се видени во овој дел од Скопје. Покрај сметката за струја планираме да имаме и сметки од Водовод, како и потврди за платен данок на имот, но и други уникати, како на пример, обвиненија покренати против функционери од ДУИ. - изјави градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими.

 

Како што објасни тој, целта им е со овие експонати да привлечат што повеќе Арачиновци од високата класа затоа што, за разлика од нив, посиромашните жители на ова село понекогаш доаѓаат во контакт со овие експонати ја знаат нивната намена.

Коментари

l4IQ41LD1lGaqb5QFm7YHqZYHmbnyAh28qYVWazd

Хахаха, веројатно и изводи од банка за платен порез на имот и фискални сметки од локалниот супермаркет

gPbSr6MhiaZ4Wp1D4IQbsFRBQffEcUBNZRVfYEI3

после објавата на оваа информација, превземени се итни мерки од локалниот шериф и наплатени се преку 100000 евра( мижи Асан да ти баам) ненаплатени даноци и сметки за струја и вода од 1945 год па наваму…..официјално соопштение на нашата ни вредна УЈП

gPbSr6MhiaZ4Wp1D4IQbsFRBQffEcUBNZRVfYEI3

свака част


Остави коментар