logo

# Сатира

По протоколот: На 11 Октомври во Прилеп и Куманово се објавени првите огласи за вработување во администрација

насловна слика

Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку дена по потпишувањето започна да ги разоткрива првите историски невистини и фалсификати подметнати од клетите комунисти и да ни ги отвора очите за нашата вистинска историја.

 

Така, според новите историски факти што ни ги доставија нашите бугарски пријатели, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово не се кренало никакво востание, туку биле објавени првите огласи за вработување во јавната администрација што предизвикало невидена еуфорија кај локалното население.

 

- Доста ве лажеа комунистите за првите пушки! Вистината е дека се пукало, ама пукале младите од радост дека ќе можат да дојдат до државна работа, на место на постарите административци, кои си одеа во пензија. А востанија-мостанија, такви работи никогаш немало. Браќа сме или што сме? - изјави бугарскиот европратеник и доставувач на доказите, Ангел Џамбаски.

 

Тој најави уште историски вистини кои ќе ја шокираат јавноста во Нашата Земја, но за сега не сакаше да открива детали од нашата скриена историја.

Коментари


Остави коментар