Сетот мерки за заштеда на електрична енергија што денес го презентираа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, предизвика раздор во Владата и ги раскара владините функционери.
Имено, како што дознаваме од извори блиски до готвачот во Влада, на предлогот да се готви во мали тенџериња бурно реагирал вицепремиерот Бојан Маричиќ и во знак на револт се затворил во својата канцеларија со закана дека доколку тоа се спроведе, тој ќе ја напушти функцијата вицепремиер за европски прашања и ќе ги земе одговорите со себе.
Според нашиот извор, во овој момент се' уште траат преговорите помеѓу вицепремирот и неговите колеги, кои како што дознаваме се отежнати затоа што господинот Маричиќ денес ручал само два пати.