Прогнозите на пратеникот Скендер Реџепи - Зејд, кој денес од собраниската говорница изјави дека албанските општини може сами да си го бараат патот кон ЕУ доколку македонски општини продолжат да ги држат во место, по сѐ изгледа ќе станат реалност откако Европската Комисија ги прифати нивните барања и официјално ѝ предложи на Унијата, општините Слупчане, Зајас и Арачиново, први да добијат кандидатски статус.
- Градоначалниците на овие општини испратија специјални барања до ЕУ, во кои ни објаснија на кој начин Вашата Земја го кочи нивниот развој и пат кон ЕУ, па поради тоа решивме да им доделиме статус на општина-кандидат надвор од процедурата. Добивме и гаранции дека во најскоро можно време ќе ги внесат и Бугарите во општинскиот Устав, со што тие ќе ги исполнат сите услови за влез, па сѐ друго ќе биде само формалност. - се вели во официјалното соопштение од ЕУ.
За сега не се знае точниот датум на кој Слупчане, Зајас и Арачиново ќе станат европски општини, но според шпекулациите во Брисел, тоа ќе се случи во најскоро можно време, затоа што на ЕУ очајно ѝ се потребни богати општини кои ќе го полнат нејзиниот бу
џет.