Неколку денови откако ЛДП побара смена на името на Киев во Киив, пратеничката група на СДСМ се појави со свој предлог за смена на имињата.
Тие бараат името на Словачка да стане Словенија, со цел да се избегнат идни проблеми со знамето. Воедно, тие барат Летонија да стане Литванија, а Велс да стане Титов Велс.
"Сметаме дека секоја промена на името е добра, па оттаму веруваме дека паметни земји како Словачка нема да имаат проблем да си го сменат името, пошто тие немаат заостанати ВМРОвци што се бунат за промени на имиња. Очекуваме оваа промена да ги намали гафовите на нашата влада, а воедно и да го зацврсти идентитетот на Словачка, односно по ново - Словенија." - изјави Бујар Османи.
Добра идеја.
Битно се гради менува име.