logo

# Сатира

ПО ПОВОД ПРИМАЊЕТО НА БЕГАЛЦИ - ВЛАДАТА НАЈАВУВА АВГАН-ФЕСТ!

насловна слика

Одлични вести за сите фанови на добра свирка! Владата најави уште еден одличен настан на кој ќе настапуваат најуспешните музичари во државата што се поврзани со СДСМ и ДУИ!

 

Во држава полна со неуспеси, клучно е да се слави секоја мала победа, па оттаму не изненадува фактот што владата планира фестивал по повод прифаќањето на бегалци од Авганистан.


Сега за сега, бегалците делуваат презадоволни од планот!

 

"Можеби НАТО е причината зошто сме во ова срање, можеби немам дом, можеби братучед ми почина додека падна од авион држејќи се за едно од крилата, можеби жена ми ќе биде убиена.... но барем ќе уживам во познатиот хит 'ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈААА" - едвај чекам, жими се!" - изјави еден од бегалците од Авганистан.

 

Од друга страна, од владата најавуваат дека ќе има еден голем концерт после секој голем успех на НАТО!

 

"Планираме ептен концерти. Кога мислам на НАТО мислам на концерти и музика! Ќе биде јако! Едвај чекаме НАТО да започне нова војна за повторно да направиме некое концертче и да доделуваме грантови. Јако ќе биде!" - изјави Радмила Шеќеринска.

Коментари


Остави коментар