Поранешниот вицепремиер на Владата на Нашата земја, Артан Груби, кој пред неколку дена беше ставен на црната листа на САД, денес ја соопшти својата одлука за целосно повлекување од јавниот живот и од политиката и најави дека планира повторно да ѝ се врати на својата најголема страст - преведувањето.
- После децении на високи функции остварив сѐ што може да се оствари. Обезбедив сигурна иднина за моите деца, за нивните деца, за децата на нивните деца, за децата на децата на нивните деца и за уште само неколку поколенија после нив, па конечно дојде време е да се вратам во прегратките на мојата прва љубов - преведувањето. – рече тој во своето обраќање до јавноста.
Негов прв проект ќе биде издавање на „Српско-англиски речник на органи и извици“, започнат уште на почетокот на 2000-тите години, кога Груби како надежен преведувач ја започнал својата надежна кариера во Косово.