logo

# Сатира

По поскапувањето: Скопјанец купил стан со кесите што ги собирал со години

насловна слика

Стар скопјанец со потекло од Кавадарци, вчера ја уплатил првата рата за својот нов стан во центарот на Скопје, користејќи мал дел од кесите што му биле оставени во наследство од неговите предци, посветени колекционери на производи од најлон. 

 

- Мојата фамилија не беше посебно богата, но имаше добра навика да складира најлонски кеси. Во наследство ми останаа над пола милион парчиња и иако токму тие беа причина за мојот развод, затоа што сопругата инсистираше да се ослободам од нив, јас не попуштив и еве испаѓа дека сум бил во право. Новиот стан е доказ дека направив добра одлука. - изјави тој за Кооперација. 

 

Експертите сметаат дека поскапувањето на кесите ќе ја раздвижи економијата и вакви случаи во иднина ќе има сѐ повеќе, бидејќи на најголем дел од Македонците ова им е единствено хоби и преку него драстично ќе го зголемат својот капитал. 

 

Честитки идни милионери! 

Коментари


Остави коментар