logo

# Сатира

ПО ПОСЕТАТА НА ПЕТКОВ: Владата по грешка, наместо Бугарите, ги внесе будалите во Уставот

насловна слика

Огромната желба на новата Влада достоинствено да го испрати првиот својот гостин, бугарскиот премиер Кирил Петков, предизвика трема кај најголем дел од тазе министрите, кои по грешка, на владина седница што се одржа по заминувањето на гостинот, наместо внесување на Бугарите, изгласаа внесување на будалите во Уставот.

 

- Сакавме да направиме еден убав гест, но дојде до мала забуна и што е тука е. Сепак после цел ден државнички работи нормално е на човек да му падне концентрација и да не забележи печатна грешка. Признаваме дека згрешивме, будалите не се малцинство, туку мнозинство во земјава и грешката ќе ја поправиме така што овој предлог нема да го испратиме на гласање во Собрание. – изјави портпаролот на Владата.

Коментари

Златко

таман коментар….сега со пописов ќе се усклади кој е мнозинство кој е малцинство


Остави коментар