Нов ден - нов проект на татко...овај... на женскиот татко на градот.
Данела Арсовска најави дека ќе го асфалтира езерото Матка во обид да донесе урбанизација во ова забаталено место.
"Урбанизацијата е сериозен проект. Сакам да донесам што е можно повеќе генијални идеи како градоначалничка. Започнавме со асфалтирање на паркот, но проектот не запира тука. Знаете ли вие колку луѓе годишно умираат од давење во езера? Премногу! Затоа, ќе го асфалтираме езерото Матка. На него ќе може луѓе да се шетаат, а планираме можеби еден дел од езерото да го замрзнеме и да направиме лизгалиште. Ова е само прв дел од проектот, планираме после бетонизцијата на езерото Матка да изградиме неколку цркви и неколку трговски центри. Битно е да има инвестиции. Сум гледала ја, вака у цел свет е. На пример у Њу Јорк не ни имаат Матка, све е асфалт таму. Башка... Матка бе.... Матка! Како може езеро што има име инспирирано од вагина да е е добар пример за децата? Ма ајде ви се молам..." - изјави Данела Аросвска.