logo

# Сатира

ПО НЕЦЕЛ МЕСЕЦ ВО СТРУГА: Мијалков докторирал на универзитетот кај Мерко

насловна слика

Поранешниот директор на УБК и сегашен затвореник во струшкиот затвор, господинот Сашо Мијалков, од денес станува доктор на науки, откако успеал во рекордно време, за нецели 20 дена, да го подготви докторатот и да го одбрани пред својот ментор -  Рамиз Мерко.

 

- На првиот слободен викенд отидов во универзитетот кај мојот стар пријател Мерко, но тој беше на состанок. После половина час чекање, ми пријде неговата секретарка и ме извести дека со 30 минутното присуство во објектот исполнувам услови да станам докторант. Без двоумење го прифатив предизвикот и 2 недели подоцна докторирав. - изјави господинот Мијалков.

 

Горди на својот затвореник, управата на струшкиот затвор реши веднаш да му додели 22 месеци наградно отсуство, како би му помогнале целосно да се посвети на своето образование и да излезе од таму како нов, реформиран човек.  

Коментари

mjeRbnqoCc3THkLNsHGdysV4EzxveiwHR55seaRO

Апаш до апаш ! Племе нивно да им се сотри !

mjeRbnqoCc3THkLNsHGdysV4EzxveiwHR55seaRO

Апаш до апаш ! Племе нивно да им се сотри !

xER8Ribc8wiXTKO9v2PNihMmHvNONUrjX8uSVV3z

Sačuvaj Bože 😢😢😢

pW0f4k86Lbg3zpmE2jl3vhpIborlbfMaL7ebGdil

REZIL NA VEKO,

W2I4DVkZ8P6BCg5TjYbEkGEJYbfm1C07oKyIjdQO

No comment


Остави коментар