logo

# Сатира

По најновата утка: МНР ќе организира турнир во брза географија за да избере нов шеф на протокол

насловна слика

Министерството за надворешни работи во соработка со Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, ќе спроведе државен испит по брза географија за да го избере новиот шеф на протокол со цел во иднина да избегне грешки со знамињата на странските делегации.

 

- Се решивме на ваков чекор за да покажеме дека учиме од грешките! Вистина, треба да згрешиме 7-8 пати пред да научиме, но важно е дека се поправаме. Затоа ги повикувам сите ентузијасти за географија да се пријават на турнирот, па нека победи најдобриот! - изјави министерот Бујар Османи во краткиот разговор за Кооперација.


Заинтересираните за работната позиција „шеф на протокол“ ќе можат да се пријават за турнирот на сајтот на МНР, каде преку брз тест ќе мора да докажат дека познаваат барем 10 знамиња, вклучувајќи го и македонското и знаат да ги разликуваат Иран и Ирак по нешто друго освен последната буква.

Коментари


Остави коментар