Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес ја промовираше хуманитарната акција „Продолжен кабел за секое семејство“, со која најзелената партија во земјава и пошироко, планира да ги помогне најпогодените од најавеното поскапување на стријата или попрецизно, 99% од граѓаните на Нашата Земја.
Со свечен дочек на каблите во Мала Речица, тој ѝ соопшти на јавноста дека партијата со свои пари набавила пола милион продолжни кабли за штедење струја што ќе им бидат раздадени на семејствата ширум земјава после изборите, со цел партијата да не биде обвинета за изборен поткуп.
Каблите ќе бидат бесплатни и господинот Ахмети лично ќе ги монтира на броилото, а се' што треба да направат граѓаните за да добијат еден од нив, е да потпишат дека со нивното преземање го ослободуваат од одговорност донаторот и го користат подарокот на лична одговорност.