logo

# Сатира

По лечењето, државјанството, станот и факулетот: Бугарската влада ќе му обезбеди на Пендиков и невеста

насловна слика

Конкурс за избор на невеста за надежниот Бугарин, Христијан Пендиков, објави денес бугарската влада како дел од пакетот мерки за побугарување на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид и промовирање на бугарските вредности во земјава. 

 

- Сакаме Македонците да ги видат сите предности што ги носи откривањето на бугарската самосвест. Ем стануваш Европјанин, ем ти се средува цел живот. Во која друга држава на светот можеш да живееш од државјанството?! Во никоја! - изјави бугарскиот министер за ергени, кој воедно ќе биде и кум на свадбата. 

 

На конкурсот ќе можат да се пријават сите чистокрвни Бугарки до 25 годишна возраст, а победничката ќе ја бира зетот Пендиков со помош на бугарската влада, под чие спонзорство ќе се одржи свадбата на младите.

Коментари


Остави коментар