logo

# Сатира

По К-15: Укинати и кафе паузите за тие што не доаѓаат на работа

насловна слика
Нов шок за административците кои не доаѓаат на работа, а земаат плата! Прво останаа без К-15, што ќе го земаат нивните колеги што не работат, ама барем доаѓаат на своето работно место, а сега и без получасовната пауза за ручек што во македонската администрација трае од 11 до 16. Министерот Манчевски соопшти дека веќе се оформени специјални тимови кои ќе вршат ненајавени инспекции во домовите на ч̶л̶е̶н̶о̶в̶и̶т̶е̶ ̶н̶а̶ ̶Д̶У̶И̶ тие што не се појавуваат на работното место, секој петок, точно во 14 часот. Тој вели дека ова е само почеток на кратењето на трошоците и најави дека се подготвуваат мерки со кои на неработниците ќе им биде укинат и годишниот одмор, со што ќе бидат приморани да одмараат на работа, односно дома.

Коментари


Остави коментар