logo

# Сатира

По изјавата на Мила: Родителите масовно ги праќаат децата на одвикнување од печатени учебници

насловна слика

Само неколку часа откако министерката за образование, Мила Царовска, објасни дека со печатените учебници родителите им прават штета на децата, илјадници и илјадници родители побрзале да ги однесат своите деца во центар за рехабилитација за да им помогнат и да ги вратат на правиот пат.

 

- Овој нашиов има 10 години и по цел ден чита книги. Му велиме, а бе оди застани некој саат пред компјутер како нормално дете, ама тој не и не! Кај и да одиме не’ срами. И решивме, доста го гледаме како пропаѓа затоа што е наивен и се навлекол на хартија, туку дај да го носиме некаде да се лечи. Затоа ќе го оставиме неколку недели на терапија, а тоа време ќе го искористиме да ги запалиме сите книги што ни се вртат по дома за да го спасиме. Се надевам ќе успееме. – ни рекоа родителите на едно од децата кои ќе одат на рехабилитација.  

 

Како што дознаваме, најголем дел од родителите се со деца на возраст помеѓу 10 и 14 години, што значи се работи за зависници кои подолго време биле во контакт со овој порок и веќе имаат развиено голема толеранција на него.

Коментари

kUutDo06gEvHcQSRsmMGPQWi86TVXJjABGM4fNae

има ли крај на глупостиве?!!!… Веќе не е ни за смеење


Остави коментар