Е ова дефинитивно не го очекуваше нашиот познат DJ!
Имено, ЕУ објави документ во кој се вели дека ниту една земја членка на Унијата не смее на своите ТВ и радио станици да пушта негови песни.
Ова требаше да биде сериозна санкција за Русија после нападите врз Украина, но сепак овие мерки не траеја долго.
Брзо беше сфатено дека Џајковски не е Чајковски и дека Македонскиот ди-џеј не е Петар Илич.
ЕУ веднаш се извини за грешката.
"Се извинуваме за грешката. Од кај да знаеме бе разлика меѓу Џ и Ч? Слични букви. Од кај да знам ја дали тој Џајковски е Русин, Полјак, Словак, Чех или жител на Република Северна Македонија??? Исти презимиња имате сите. Ама ете, доказ дека ЕУ знае да направи грешки, како на пример да ги забрани песните на Џајковски наместо Чајковски или да ги повика Романија и Бугарија во својата унија." - изјави портпаролот на ЕУ.