logo

# Сатира

По големите успеси во Скопје: Жители на Њујорк ја молат Данела да остане и да го води градот

насловна слика

Сто илјади потписи за само 24 часа собраа жителите на Њујорк во обид да ја убедат скопската градоначалничка, Данела Арсовска, која во моментов е на студиско патување во нивниот град, да остане таму и да ја преземе функцијата од сегашниот градоначалник.

 

Како што ни објаснија њујорчаните кои ја покренаа иницијативата, тие подолго време ги прателе активностите на Арсовска и биле воодушевени од нејзините надалеку прочуени менаџерски способности, поради што одлучиле да направат се’ што е во нивна моќ за да ја задржат кај нив.

 

Од кабинетот на Арсовска ја потврдија понудата што ја добила нивната шефица и апелираа до жителите на Скопје да прекинат со прославите, затоа што таа е одбиена и Данела наскоро ќе се врати дома.

Коментари

vTvqcohF3IgwMJg5Qw8Sr8cpoaQOdjREQiKG11Bf

Neka ostane

Администратор

се молат патриотите под итно да ги соберат потребните 1 милион потписи, толку се минимум потребни, и нека си ја задржат скопската Кметица, само таа можи да го расчисти хаосот во скапаното" јаболко" ...!!!


Остави коментар