logo

# Сатира

По Фатиме и Катица: ЛЕНЧЕ ИСПЛАШЕНА ДА НЕ НАПРАВИЛА НЕШТО НЕЛЕГАЛНО!

насловна слика

Не е лесно кога сите од твоето друштво се занимаваат со одредена активност, а ти не.

 

Без разлика дали станува збор за пушење цигари, пиење алкохол или некој друг тип на порок, секогаш е лошо кога не можеш да ги дружиш другарите или другарките.

 

Затоа, екипата на Кооперација имаше чест да направи разговор со Ленче СЈО, и да ја праша како се чувствува што Катица Јанева заврши во затвор, а Фатиме Фетаи се надева дека народот ќе заборави на нејзиниот скандал со ФФМ, исто како што заборавија пред неколку години дека се крстеа и молеа во организацијата наречена "СЈО"

 

Еве што имаше да каже Госпоѓа СЈО за нашиот сајт:

 

"Па да, чудно е малку. Овие две испаднаа криминалки, па почнувам да се сомневам во какво друштво ме ставиле. Од кај знаете, можеби ќе испадне дека и јас некој криминал сум направила? Ептен внимавам периодов, не поминувам на жолто, не возам повеќе од дозволеното, поминувам само на пешачки и избегавам да перам пари, вршам изнуда или да се возам со гратиси од ФФМ додека правам муабет со министри и обвинители. Се надевам дека немам направено криминал, ама ќе докаже времето. Во најлошо сценарио, ако ете, испадне дека и јас сум направила криминал, седнав периодов да гледам "Orange is the new black"; па кој знае, можеби после подолго време ќе се обединиме сите три во затвор, сепак откако почна пандемијава ретко се гледа... ах, не, моја грешка, ретко се гледаме трите откако Катица заврши во затвор. Да, моја грешка, тоа беше пред пандемијата.

Ама како и да е, се надевам дека не сум направила криминал. Не ми сметаше во средно да сум единствена во друштвото што не пуши цигари, па нема да ми смета ни сега да сум единствена што не направила криминал во друштвото." 

 

Екипата на Кооперација и се заблагодарува на Ленче СЈО, а воедно сака и да и честита брак со господин СЈО, бидејќи сигурни сме дека имаше друго презиме пред ова "СЈО". Како и да е, со среќа нека и е на госпоѓата Ленче СЈО.

 

 

Коментари


Остави коментар