logo

# Сатира

ПО ЧУДОТО НА ПОПИСОТ - Се повеќе атеисти стануваат верници во Господ!!!

насловна слика

Дали МПЦ стои зад резултатите на пописот? Најверојатно не, ама ова е една од теориите која луѓето ја имаат овие денови откако се поголем број на атеисти решаваат да станат верници.

 

Пред само неколку денови, според официјалните резултати од пописот имаше само 325 атеисти во земјава, но одеднаш, преку ноќ, без никој да смени нешто (бидејќи нели, би било нелегално, а во државава се е легално и уставно) резултатите се сменија!

 

Па така, од тристотини атеисти во земјава, таа бројка се зголеми и официјалната бројка достигна нешто повеќе од 3200 атеиссти во земјава!!!


Но, сега настана нов проблем, откако голем број од атеистите решија да станат христијани што веруваат во Господ и неговите чуда!

 

"Бев атеист. Така и реков на пописот. Бев. минато време. Мислев дека тоа се приказни за деца. Мислам ајде, ако навистина постои Господ зошто тогаш не направи ниту едно чудо во последно време?!?! И... тогаш се се смени. Преку вечер, од нигде никаде се сменија резултатите на пописот. Од 300 станаа 3000 атеисти. И никој не знае кој стои зад ова, што ме тера да мислам дека е Господ. Убаво рекле во Библијата, ако некој те мрази ти треба да го свртиш другиот образ. Така и Господ се појави за да го сврти другиот образ со тоа што ќе го зголеми бројот баш на тие што го мразат - атеистите. Има преголема логика за да е само случајност. Ќе одам сега свеќа да запалам за да ми се искупат гревовите" - изјави еден дваесет и пет годишен поранешен атеист.

 

Од МПЦ не ни одговорија дали се молеле за зголемување на бројот на атеисти и дали Господ им ги одговорил молитвите.

 

 

 

Коментари

bq0oolWeItUioz4hhZ8ttglbgTEzPhAbw3SGp3rJ

marsovci


Остави коментар