logo

# Сатира

По бегството на Мијалков: Приведен Миле Јанакиески

насловна слика
Само ден по бегството на поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, полицијата го приведе поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Останува да видиме која е причината за ова приведување, и дали полицијата се сомнева на бегство на Миле Јанакиески. Кратка изјава за медиумите, додека беше приведуван од страна на полицијата, даде Миле Јанакиески. „Очекував дека ќе ме уапсат. Дури и се загрижив што ги немаше толку долго. Помислив да не им се десило нешто по пат. И жена ми се загрижи. Цело време викаше „Ајде Миле, кога ќе дојдат, кога ќе дојдат...“. Искрено да ви кажам, добро ќе ми дојде променава малце. Досадно е во куќен притвор, да сменам воздух малце, да ме прошетаат. Некако се навиканав на апсењава и почнаа да ми недостигаат.“ - изјави Миле Јанакиески

Коментари


Остави коментар