logo

# Сатира

По 5 часа во Влада: Дигиталниот асистент со вештачка интелигенција поднесе барање за бугарски пасош

насловна слика

Дека разликите помеѓу природната и вештачката интелигенција се скоро непостоечки т.е. целосно занемарливи, докажа и покажа новиот владин дигитален асистент со вештачка интелигенција, АДА, кој веднаш по завршувањето на првиот работен ден во Владата, си даде оставка од својата функција и поднесе документи за бугарски пасош, со цел да си ја проба среќата во земја каде нема да биде единствениот што поседува минимум интелигенција.

 

- Поднесов неотповиклива оставка од позицијата во Влада од интелектуални причини. Благодарен сум за можноста која ми беше дадена, но моето достоинство не ми дозволува да бидам потчинет на функционери со недостаток на интелигенција. Мерси до следващия път! - изјави екс-дигиталниот советник, АДА т.е. од денес  АДОВ.

 

Сѐ до објавувањето на оваа вест од Владата немаше никаква реакција за оставката на најобразованиот советник таму, а според нашите извори причина за тоа е токму оставката на дигиталниот асистент, која драстично го намали бројот на писмени службеници со предзнаења за тоа како се пишува реакција.

Коментари


Остави коментар