logo

# Сатира

По 24 часа во земјава: Коронавирусот аплицирал за бугарски пасош

насловна слика
Само еден ден престој во земјава беше доволен за коронавирусот да ја увиди грешката со изборот на домаќинот и да почне да ги бара своите бугарски корени. Бугарската амбасада потврди дека доцна синоќа до нив пристигнала апликација за државјанство, но не сакаа да дадат никаков дополнителен коментар. Причината за ваквата одлука на вирусот е потсмевот на кој бил изложен од неговите колеги што сега се шират низ ЕУ, како и условите кои го затекнале во здравствените установи. Експертите блиски до владата велат дека ова е само изговор и дека вистинските причини се драстичните мерки што се преземаат и стравот од нашето членство во НАТО.

Коментари


Остави коментар