logo

# Сатира

ПЛОШТАДОТ "МАКЕДОНИЈА" СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО "МАРИЧИЌ"

насловна слика

Конечно! Решен е еден од проблемите кои произлегоа на патот на нашата земја кон ЕУ! 


Имено, плоштадот со име на нешто што според Преспанскиот договор ексклузивнои припаѓа на Република Грција ќе добие ново, прогресивно, напредно, атрактивно име. Име кое според преставниците на владата ќе донесе голем број на туристи, а сметаат и дека жителите на нашата земја ќе бидат презадоволни со новото име на плоштадот.

 

Новото име на плоштадот "Македонија" ќе биде "Маричиќ" - именувано по Бојан Маричиќ, еден од топ 500 најпознати политичари во државава, а истото е добиено после долги разговори на преставници на нашата, со преставници на владата на Република Бугарија.

 

"Логично, ни смета името на плоштадот. Вашата влада веднаш кажа дека ќе го смени и ни дадоа одврзани раце за ние да го решиме името на нашата влада. Првично сакавме името "Македонија" да го замениме со нешто бугарско. Пример "Плоштад Христо Стоичков", "Плоштад Гоце Делчев", "Плоштад Гергана" или "Плоштад Горан Пандев". Но набрзина сфативме дека овој плоштад и не е толку атрактивен. Полн е со ѓубре, луѓе плукаат на него, го гази кој стигне и едноставно делува далеку од нешто посакувано. Затоа, не сакавме да го именуваме со име на познат Бугарин. Решивме да му дадеме име што му одговара. И се решивме за "Плоштад Маричиќ". По овој дечково од вашата влада. Баш се израдува инаку кога му спомнавме. Сакаме да радуваме луѓе." - изјави преставник на владата на Бугарија во разговор со Кооперација.мк

 

 

Коментари


Остави коментар