logo

# Сатира

Пластичарска улица ќе го бојкотира викендот без ДДВ

насловна слика

Дуќанџиите од Пластичарската улица во Скопје едногласно изјавија дека ќе го бојкотираат викендот без ДДВ кој започнува токму денеска. Тие се револтирани од Владата која, како што велат, се обидува да им го украде бизнис моделот кој го практикуваат со години. Велат дека овој викенд, во знак на отпор, за прв после долги години, на своите клиенти ќе им ги наплатат производите со вкучен 18 % ДДВ.

„Ова е срамота што се прави. Буквално сакаат да ни го украдат бизнисот. Па нека си смислат некоја нивна идеја! Од кај им текна ова без ДДВ? Што мислите, од небо им падна?! Па тука на Пластичарска улица, најпластично кажано, никој нема платено ДДВ со години. Рака на срце, да не грешам душа, се зборува дека комшијата Африм, наводоно пред две години имал издадено фискална со 5 %, ама мислам дека се тоа шпекулации. Ја лично не верувам дека имал срце да направи такво нешто. Што да кажам друго? Го бојкотираме овој викенд без ДДВ. Еве ја од сабајле веќе издадов неколку фискални сметки. И тоа со 18 % ДДВ. Па нека иде, нек си ебе мајката! Кад је гроф био циција?! Еднаш се живее! Фала и кај вас.“ - изјави еден од дуќанџиите на Пластичарската улица во Скопје.

Коментари


Остави коментар