Во интервју за српскиот Курир.рс премиерот Зоран Заев кажа дека неговиот прв милион го направил продавајќи пиперки.
После оваа изјава, до нашата редакција дојде изјава на Пиперот кој вели дека нема никаква поврзаност со господинот Зоран Заев!
"Првиот милион го направил со мене? Нема врска. Каде се доказите? Ова се небулози и лаги! Не дозволувам моето име да биде оцрнето со поврзување со господинот Заев. Впрочем, јас не го ни знам господинот Заев. Никогаш не сум се ни видел со него. Само од телевизија го познавам" - се вели во соопштението на господин Пипер.