К. Д. од Дебар е првиот вработен во МВР, кој пет дена откако ја доби новата двојазична униформа, успеал точно да го прочита зборот "полиција" испишан на македонски и на албански јазик и со тоа да влезе во историјата на македонските служби за безбедност како еден од најобразованите и најписмените вработени после втората светска војна.
- Да бидам искрен, првите три дена имав и помош т.е. со колегите од станица се обидувавме да го прочитаме напишаното, но на општо разочарување, упорно заглавувавме кај третата буква. На третиот ден колегите се откажаа, а јас продолжив самостојно и само 48 часа подоцна го прочитав зборот. Никогаш во живот не сум бил погорд на себе. - рече тој.
Овој неверојатен подвиг предизвика паника кај првиот полицаец, Оливер Спасовски, кој иако истиот материјал го совладал за два дена, се уплашил од интелектот на својот подреден и барал гаранции дека нема да му ја земе министерската фотелја.