Огромен број на пензионери, меѓу кои и жителите на повеќе старечки домови се во паника. Имено, стравуваат дека проектот „Прошетка до шумата со бастуни“ го финансира градскиот татко Шилегов, односно град Скопје.
„Многумина претпазливи од нас се сомневаат дека ова е сѐ смислено за други цели! Слушаме и ние што се случува со камповите и проектите – ако сме пензионери!
Искрено, мажите се повеќе исплашени од жените да ви кажам, некои од нив, меѓу кои и жена ми веќе се дотеруваат!
За жал секогаш ќе има некој кој ќе се израдува на ваква информација – но сепак, паниката е многу поприсутна! Прашавме во општината, но од таму се оградуваат од сѐ поврзано со било каков проект во шума. Генералниот страв ни е случајно да нѐ сакаат нешто инкогнито да нѐ образуваат...“
На прашањето упатено кон соговорникот дали тој самиот ќе учествува во овој проект, рече дека не сакал, но неговата сопруга го присилила со закана за развод на долгогодишниот брак.
Остануваме на терен!