Жестоки реакции од здруженијата на пензионерите од целата земја предизвика одлуката на пекарите да не произведуваат и доставуваат производи затоа што владата ја замрзна цената на лебот на, за нив мизерни, 33 денари, со што се прекина една прекрасна традиција на постарата генерација, која ги опушташе и поврзуваше пензионерите.
- Многу наши членови реагираа до матичните здруженија дека денес им било ускратено едно од основните пензионерски права - правото на непречено и неограничено пипкање на лебот. Затоа бараме институциите да не' заштитат и да ги присилат маркетите да постават макети од леб или во спротивно ќе почнеме да пипкаме и млечни, и сувомеснати производи. - се заканија од здруженијата на пензионери.
Тие за утре, од 08:00 до 09:00 часот, најавија предупредувачки протест во најблискиот маркет, продавница или месара, на кој уште еднаш ќе ги повторат своите барања и ќе ги пипкаат останатите производи.