logo

# Сатира

Пендаровски: Зошто да имам говор за Илинден, не се викам Илија???

насловна слика

Стево Пендаровски имаше кратка средба со еден од новинарите на Кооперација.мк па нашата екипа имаше шанса да дојде до одговор на прашањето што ги мачи повеќе од 4, а помалку од 6 граѓани во државава.

 

Зошто Стево нема да има говор за Илинден?

 

"Што? Илинден? Хаха, а бе луѓе, зошто да имам говор за Илинден? Што сум јас? Илија или Стево? Ако почнам со говори ќе треба цело време, знаете ли вие колку е напорно тоа. За Свети Стефан може да имам говор, ама вака за Илинден ќе го оставам просторот на луѓе што се викаат Илија. Сепак јас ја почитувам еднаквоста и сметам дека не треба Стево да се меша во празникот на Илија. Замислете како би било ако имам говор на Вера, Надеж и Љубов... а јас не се викам  Вера! Ма ајде ви се молам, ајде да не им го крадеме задоволството на сите што се викаат Илија..."


Го запрашавме дали ќе има говор за 8 Септември, а тој ни одговори:

 

"Ах бе луѓе, јас зборам или канта тропа? Ви реков. Ќе зборам само на празници каде што има поента да зборам. Јас не сум и осми на жена ми. Втори сум и. Осми е празник за тие што се осми исто како што Илинден е празник на Илија." 

Коментари


Остави коментар