logo

# Сатира

Пендаровски: Знам која војна ќе започне во август, ама не сакам да откривам!

насловна слика

Третиот најбитен човек во државата повторно открива тајни детали кои смеат да ги дознаат само преставници на земјите членки на НАТО!

 

Само една недела откако објасни дека уште во ноември знаел за нападот на Русија што започна овој февруари, Стево Пендаровски во интервју за нашиот сајт вели дека уште од сега знае што ќе се случи овој август. Според него ќе има неверојатна војна во август, ама сепак не сакаше да открие повеќе.

 

"Знаеме сите што ќе се дешава. Ама ај да не ви правам спојлери. Еве, нема да ви кажам кои земји ќе војуваат, ама само да ти кажам на 26 август во 3 часот и 15 минути по полноќ седи на интернет ќе има видеа.  Ете, толку смеам да ти кажам.  А да, исто така кажи и на баба ти да се пресели помеѓу сега и август. Баба ти уште живееше... ваму, у ова шо  беше, така? Да? Е па ете... кажи и на баба ти да се пресели, не сакам нешто да и се деси. Ете, толку ќе кажам, повеќе ќе видиш на вести у август. Ќе биде јако еј, спремај мемиња, ќе има хумор и шеги од војнава. Ќе биде интересно." - му кажа Пендаровски на нашиот новинар.

Коментари

VdOV1wt3UTnrel4HkFjN5IGRzGRJt39auMeTr6WY

Но комент


Остави коментар