logo

# Сатира

ПЕНДАРОВСКИ ЗДИВЕ!!! Дознаваме: Пендаровски се расправаше со Ковачевски!!!

насловна слика

Одма е подруго кога немаш фикус за претседател туку човек што ќе оди против власта иако е од истата партија!

 

Имено, според извори на нашиот сајт, претседателот Стево Пендаровски влегол во сериозна расправа со премиерот Ковачевски!

 

Ова утро, господинот Ковачевски го прашал Пендаровски - "Eј, ќе одам до бурекџилницана, сакаш да ти земам нешто?", по што Пендаровски рекол "Земи ми солена кифла, ако нема таква не земај ништо, ок е, не мора да јадам."

 

Само трисетина минути подоцна, господинот Ковачевски се вратил со блага кифла бидејќи како што рекол тој "Немаше солена, па ти земав блага, да не седиш гладен, ипак, долг ден те чека, треба да потпишеш тоа што ни рекоа од странство."

 

Тука Пендаровски здивел и започнал да се расправа со Ковачевски.

 

Како што дознаваме, претседателот Ковачевски рекол "А БЕ ТИ РЕКОВ НЕ МИ ЗЕМАЈ НИШТО АКО НЕМААТ СОЛЕНА, ШЕЌЕРОТ МИ Е ДИГНАТ, ДОКТОР МИ РЕЧЕ ДА НАМАЛАМ СО БЛАГО!!!"

Браво! Претседател со интегритет!!!

 

 

Коментари


Остави коментар