Изминативе денови нацијата имаше свои коментари за тоа што претседателот Стево Пендаровски разговараше со Хрватската пејачка, манекенка, писателка, но пред се жена - Нивес Целзиус.
Сепак, претседателот објасни дека имало причина, а таа причина ќе ги задоволи сите граѓани на земјава!
"Со Целзиус разговаравме за парното и за температурите. Гледам дека се спрема криза и дека ќе има низок целзиус оваа зима, а со кого подобро да разговарате за справување со нискиот целзиус освен со правнуката на Андерс Целзиус? Малку ме гледаше чудно и ми кажа дека не ме разбира, но тоа е најверојатно поради разликата во јазиците. Ќе ја викнам следен пат и ќе викнам и преведувач. Ако ни тогаш не се снајдеме ќе треба да најдам некоја од Бугарија, таа сигурно ќе ме разбере, ист јазик збориме..." - изјави Стево Пендаровски кој го напушти разговорот пред да му објасниме дека Нивес Целзиус не е во никаква роднинска врска со шведскиот физичар.