Претседателот на 🇲🇰 денеска се сретна со 🇲🇰 малцинството што живее во Грција.
Имено 🇲🇰 претседател деновиве беше во Атина каде се сретна со голем број на преставници на Грчката влада, а меѓу другото ја искористи и приликата за се сретне со 🇲🇰 малцинство што живее во Грција.
Сепак, 🇲🇰 претседател кажа дека не е баш најзадоволен од средбата и дека најверојатно ќе намине повторно следниот месец бидејќи како што вели тој - "средбата не му ги исполнила очекувањата".
"Малце е чудно. Отидов во Грција и баш правев муабет со грчкиот колега за нашето малцинство што живее таму. Тој ме праша дали го поддржувам Преспанскиот договор, а откако му дадов потврден одговор тој ми кажа да отидам во една соба и таму ќе разговарам со сите членови на македонското малцинство што живеат во Грција после потпишувањето на договорот од Преспа. Отидов во просторијата, седнав и чекав... и чекав... и чекав... И никој не се појави. Шест часови седев со празна просторија и ниту еден човек не се појави ако ви се верува! После шест часови чекање во празната соба си излегов налутено, а претседателот на Грција ме праша како ми се допадна средбата со сите престсавници на македонското малцинство во Грција после потпишувањето на Преспанскиот договор. Не знаев што да му одговорам." - изјави 🇲🇰 претседател.