И претседателот на земјава со сериозна осуда за отворањето на бугарскиот културен клуб "Цар Борис"!
Имено, тој денеска во разговор со новинар близок на СДСМ објави дека цврсто го обвинува отворањето на клубот "Цар Борис" и смета дека луѓе што ја мразат земјава стојат зад отворањето на истиот!
"Видете, оваа работа не е така едноставна. Јас ги знам Бугарите и знам дека тие никогаш не би направиле ваква провокација за земјава. Тие знаат дека царот Борис е контроверзна личност и тие никогаш не би се осмелиле да отворат културен клуб со вакво име. Се сомневам дека руски хакери или странски служби од Русија стојат зад отворањето на културниот клуб, а се со цел да направат нов јаз помеѓу бугарската и владата на Нашата Земја. Ние и Бугарија сме пријатели, а само непријател на земјава може да именува културен клуб со вакво име. А логично, најголем непријател ни е Русија. Руски хакери батец, руски хакери стојат зад ова!" - изјавил Стево Пендаровски, а ни беше пренесено од гореспоменатиот новинар.
Според Стево Пендаровски, ако навистина сакале Бугарите да отворат културен клуб со име на нивен херој, најдобро би било да го именуваат по Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански, Горитемакедонскишумнопеат или друг значаен Бугарин од историјата на Бугарија.