Нов пресврт во ситуацијата помеѓу Украина и Русија!
Имено, претседателот на нашата земја се сомнева дека освен нуклеарно оружје, Русија има и голем број на руски хакери!
"Види, сомнителни ми беа тие руските хакере уште од старт. Руски хакери? Од кај се појавуваат? Чиви се? Кој ги измисли? И после некое време ми текна! Од Русија се! Ти текиња? У самото име ти пишува РУСки хакери. Првите три букви им се РУС - значи има нешто со Русија поврзано. Мислам дека Русија крие многу повеќе од тоа што ние знаеме и верувам дека многу работи допрва ќе се откријат на јавноста!' - изјави претседателот.