Најубавиот фикус во државата конечно со свој став за недоличниот однос на пратеникто Димитар Апасиев.
Откако лидерот на ЛЕВИЦА го обвини Пендаровски и му упати сочни пцовки, Фикусот на државата делуваше поприлично разочарано и нервозно.
Тој кажа дека пцовките се недолични и дека ако стигнала работата до пцовки тогаш подобро би било да се тепаат.
Но, неколку часови подоцна, Пендаровски сепак кажа дека се извинува за своите зборови.
"Се извинувам. Не размислив добро. Кога реков дека пцовките се недолични за политичари сфатив дека напаѓам група на луѓе која не сакав да ја обвинам. Не мислев дека сите пцовки се лоши. Некои пцовки се ок. Пцовките се ок ако се викаш Талат Џафери, на пример. Не мислев да го навредам интелектуалниот капацитет на Талат Џафери и сакам длабоко да се извинам. Пцовките се ок. Ако се викаш Талат Џафери. Се извинувам уште еднаш и сакам да кажам дека не се сите пцовки лоши. #NeSeSitePcovkiIsti" - напиша Пендаровски во фејсбук статус.