logo

# Сатира

Пендаровски: Мислам дека Русија го платила Жан Митрев да врши експерименти

насловна слика

Иако помина некое време, народот се уште не го заборава последниот проблем во земјава! Имено, се уште не запираат коментарите за фрленото знаме на Евровизија запаланиот Бугарски клуб од страна на Ламбе историското "Не" на Ковачевски снимањето на деколтето на една наша пратеничка фашистичкот ЕУ договор ситуацијата со Жан Митрев!

 

Со свој став за ситуацијата се појави и Пендаровски, кој вели дека е поприлично сигурен за тоа кој е виновен за експериментите и криминалите на Жан Митрев!

 

Пендаровски е 99.102% сигурен дека Русија го плаќала Жан Митрев!

 

"Рубљи, батец. Жан Митрев сигурно го плаќале во рубљи. Гарантирам. Кој има ќар од експерименти врз жители на нашата земја? Кој? Запрашај се! Кој има ќар од смрт на наши жители во болниците? Русија! Русија, бе батец! Русија!!! Гарантирам сега да му ја побарам интернет историјата на Жан Митрев ќе најдам дека барал РУСокоси девојки на Порнхаб. РУСОкоси. Ти текиња? Дека е за Русија. Мислам дека е факт дека Жан Митрев го плаќале Русите и ова е уште еден доказ дека Русија ни се меша во дражвава. Факт е! Еве, ако не е тоа така, ја да не се викам Петре Михајловски. Русите се вмешани у ова. Отвори очи и тебе ќе те купат, момче!" - изјави Стево Пендаровски на нашата новинарка која има кратка коса.

 

Коментари

rvGQIfgbU0dXGsIfLjBIcuFPuFikcNhmknclClJm

Svarno ste mnogu pametni so vasite mislenja koja nikoj pameten ne gi razbira a narod poradi takva pamet strada


Остави коментар